Инвеститор од Куманово срушил заштитен објект на народен херој и изградил дивоградба
- Освен против инвеститорот, кривична пријава е поднесена и против Л. Т. градежна инспекторка од Општина Куманово која несовесно постапила во вршењето на своите овластувања на начин што донела решение врз основа на нецелосна и неточно утврдена фактичка состојба, која била должна да ја утврди согласно законските прописи.
- На таа локација, првопријавениот, во својство на инвеститор на градба извршил градежни работи и изградил градба од втора категорија, без претходно одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам при општина Куманово, со што постапил спротивно на член 59 од Закон за градење, а објектот го изградил на земјиште сопственост на државата.
- На локацијата каде што се наоѓал заштитениот објект, инвеститорот изградил градба од втора категорија, без претходно добиено одобрение од Општина Куманово.