Извршниот одбор на СДСМ вечерва со помирувачки пораки – повикаа дијалогот да се води во партијата
- Нашата заедничка цел е јасна – СДСМ се престројува и се подготвува за силна, бескомпромисна и организирана борба против погрешните социјални, економски и политички деструктивни политики на ВМРО, кои туркаат државата во изолација, а граѓаните во длабока сиромаштија“, се наведува во заклучоците кои вечерва ги усвоил Извршниот одбор на СДСМ.
- Во оваа насока Извршниот одбор на СДСМ донесе заклучок јавно да ги повика на дебата во партијата сите поединци или групи, да дебатираме тука за борбата против криминалната власт на Мицкоски.
- Само низ дијалог и соочување на аргументите внатре во партијата може да се разговара, не преку медиуми, не преку вонпартиски иницијативи и платформи кои и прават штета и ја рушат партијата од внатре.
Извори
-
ИО на СДСМ до членството: Дебатата за борбата против Мицкоски ќе ја водиме во СДСМ, сите се добредојдени
Извор: racin.mk
-
Извршниот одбор на СДСМ вечерва со помирувачки пораки – повикаа дијалогот да се води во партијата
Извор: telma.com.mk
-
СДСМ: Заклучоци од денешната седница на Иизвршниот Одбор
Извор: novatv.mk