Зајакнувањето на институционалните капацитети, тема на средбата меѓу министерот Ферати и ИФЕС
- Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, оствари работна средба со претставници на ИФЕС, на која се разговараше за значењето на соработката со меѓународните организации во поддршка на демократските процеси и институционалниот развој.
- Во текот на средбата беа разменети мислења за актуелните предизвици и потреби на Министерството, со посебен акцент на унапредувањето на институционалните капацитети и зајакнувањето на ефикасноста во спроведувањето на неговите надлежности.
- Во таа насока, како министерот Ферати, така и претставниците на ИФЕС, ја изразија подготвеноста за разгледување конкретни можности за соработка во области од заеднички интерес, вклучително и професионалниот развој на вработените и јакнењето на институционалните капацитети.
Извори
-
Зајакнувањето на институционалните капацитети, тема на средбата меѓу министерот Ферати и ИФЕС
Извор: skopje1.mk
-
Зајакнувањето на институционалните капацитети, тема на средбата меѓу министерот Ферати и ИФЕС
Извор: 24info.mk
-
Зајакнувањето на институционалните капацитети, тема на средбата меѓу министерот Ферати и ИФЕС
Извор: meta.mk