ЗАКАЧИЛ РЕТРОВИЗОР НА ПАРКИРАНО ВОЗИЛО, ДОБИЛ КАЗНА ОД 15 МЕСЕЦИ ЗАТВОР!? Возач од Македонија експресно осуден во Грција
- Сообраќајна несреќа со материјална штета предизвикал македонски државјанин – возач на камион на регионалниот пат Солун – Калохори, кој возел под дејство на алкохол, бил уапсен, изведен пред суд и осуден на затворска казна од 15 месеци со можност за откуп, јави дописничката на МИА од Атина.
- Според грчката новинска агенција АНА-МПА, 49-годишниот возач, државјанин на С. Македонија сообраќајната несреќа ја предизвикал вчера, а при направениот алкотестот било утврдено дека консумирал алкохол над дозволеното ниво, 0,76 и 0,78 милиграми на литар воздух.
- Возачот денеска бил изведен пред Судот за прекршоци во Солун каде што бил проглас ен за виновен за опасно возење и возење под дејство на алкохол и осуден на 15 месеци затвор со можност за откуп, а било одлучено казната да се претвори во парична – по 10 евра дневно.
Извори
-
Возач на камион од Македонија возел пијан кај Солун и направи сообраќајка – ќе плати околу 4.500 евра казна
Извор: libertas.mk
-
ОСУДЕН: Возач на камион од Македонија под дејство на алкохол удрил во паркирано возило кај Солун
Извор: kurir.mk
-
ЗАКАЧИЛ РЕТРОВИЗОР НА ПАРКИРАНО ВОЗИЛО, ДОБИЛ КАЗНА ОД 15 МЕСЕЦИ ЗАТВОР!? Возач од Македонија експресно осуден во Грција
Извор: plusinfo.mk