Закани, следење и физички напади: Полицијата приведе осум лица по пријави за семејно насилство
- Во Македонска Каменица, полицијата синоќа во 20:30 часот го лишила од слобода Г. Г. по пријава дека ѝ се заканувал и физички ја нападнал својата 23-годишна сопруга.
- Тој бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.
- Во Куманово, во два одделни случаи, полицијата вчера ги лишила од слобода М. М. по пријава дека се однесувал агресивно кон својата мајка, и Б. С. по пријава дека физички ја нападнал својата поранешна сопруга.