DAY.MK

обновено 14:46, 04.03.2026

За еден месец полицијата одзела 25 возила на подрачјето на СВР Охрид поради безобѕирно управување

пред 3 часа 3 извори
За еден месец полицијата одзела 25 возила на подрачјето на СВР Охрид поради безобѕирно управување

Кратко

  • Вкупно 25 возила одзела полицијата при контроли во сообраќајот на подрачјето на СВР Охрид од почетокот на имплементација на измените во Кривичниот законик, односно од 1 февруари, информира за МИА портпаролот Стефан Димоски.
  • За „Безобѕирно управување моторно возило“, според информацијата, 11 возила се одземани во Струга, седум во Кичево, шест во Охрид и едно во Дебар.
  • Редовно се преземаат мерки со цел контрола на моторни возила, контрола на патиштата за следење на прекршоците кои се животно загрозувачки како што се (управување без возачка дозвола, управување под дејство на алкохол, непродолжена важност на сообраќајна дозвола како и други прекшоци), истакна портпаролот на СВР Охрид.

Повеќе статии