Еден загинат и тројца тешко повредени градежни работници, биле затрупани со земја на градилиште во Скопје
- Еден градежен работник загинал, а тројца биле тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира за МИА, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје.
- Министерството за внатрешни работи претходно информираше дека изутринава во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улица „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници.
- Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со Центарот за управување со кризи и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице, велат од МВР.
Извори
-
ЕДЕН ОД ЗАТРУПАНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗАГИНА, ДВАЈЦА СЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ Медицински извори ја потврдија смртта
Извор: plusinfo.mk
-
Еден загинат и тројца тешко повредени градежни работници, биле затрупани со земја на градилиште во Скопје
Извор: libertas.mk
-
Еден загинат во трагедијата во Кисела Вода, тројца градежни работници тешко повредени (ФОТО)
Извор: kurir.mk
Повеќе статии
Јаневска: Набргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност
10 извори
Филипче: Мицкоски ретерира затоа што министри, пратеници, градоначалници од ВМРО имаат бугарски пасоши
8 извори
На Ургентен центар транспортирани тројца градежни работници, двајца со полесни повреди, еден со скршеници
11 извори