Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите кон Албанците во Македонија
- Оваа реакција на министерот доаѓа откако вчера шефот на пратеничката група на опозициската Демократска парија, Газменд Барди го обвини албанскиот шеф на дипломатијата, Ферит Хоџа, дека во групна комуникација на апликацијата за пораки „Вацап“ употребил навредлив јазик кон Албанците во Македонија нарекувајќи ги „идиоти“.
- На социјалните мрежи, Дурмиши синоќа напиша оти официјална Тирана итно треба да ја објасни скандалозната и разочарувачка реторика употребена кон Албанците кои живеат во Маедонија.
- Покрај критиките упатени на адреса на владата на Албанија, Дурмиши изрази и отворено разочарување и од однесувањето на албанскиот амбасадор во Скопје, Денион Мејдани, велејќи оти наместо да реагира на ваквиот навредлив речник и да ги заштити интересите на своите сонародници, тој одбрал да молчи.
Извори
-
Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите кон Албанците во Македонија
Извор: 360stepeni.mk
-
Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите кон Албанците во Македонија
Извор: libertas.mk
-
АЛБАНСКИ МИНИСТЕР ГИ НАРЕКОЛ МАКЕДОНСКИТЕ АЛБАНЦИ „ИДИОТИ“? Министерот Дурмиши побара извинување од Тирана
Извор: plusinfo.mk