ДУИ: Предлог-законот за правична застапеност е „брутален регрес“
- Предлог-законот за ‘правична и соодветна застапеност‘, изработен од Каракамишева и гласно поддржан од ВЛЕН, не е напредок, туку брутален регрес.
- Од партијата велат дека наместо напредок, предложеното законско решение претставува, како се посочува, брутален регрес, потенцирајќи дека документот не ги содржи клучните механизми за обезбедување правична застапеност.
- Предлогот што циркулира во медиумите: • не предвидува етнички квоти, што значи дека повторно ќе продолжиме како пред 2001 година кога Албанците беа само 0,2% во администрацијата; • не предвидува обврска институциите да ги идентификуваат граѓаните по етничка основа при вработување или унапредување; • не предвидува санкциони одредби.