ДПИ проверил над 800 продажни места, извештајот испратен до Министерство за економија
- Извештајот е изработен на барање на премиерот Христијан Мицкоски и врз основа на тоа ќе биде познато дали има разлика во цените на основните прехранбени производи, односно дали и колку тие поскапеле на почетокот на април, споредено со февруари годинава.
- Државниот пазарен инспекторат го доставил извештајот од извршените инспекции до Министерството за економија од кој ќе зависи дали по Велигден ќе има нови мерки против поскапувањата како намалување на ДДВ и ограничување на профитната маржа на трговците.
- Од пазарниот инспекторат потврдија за Телма дека извештајот до адресата на министерството е испратен минатата недела, кое треба да ги обработи податоците и да ги испрати до Владата која ќе ги разгледува на наредната седница во вторник.
Извори
-
ДПИ проверил над 800 продажни места, извештајот испратен до Министерство за економија
Извор: telma.com.mk
-
ДПИ проверил над 800 продажни места
Извор: netpress.com.mk
-
ДПИ проверил над 800 продажни места, извештајот испратен до Министерство за економија
Извор: post.mk