DAY.MK

обновено 21:30, 23.11.2026

Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот, порача Сиљановска-Давкова

пред 5 часа • 9 извори
Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот, порача Сиљановска-Давкова

Кратко

  • Како што посочи, уставните измени не се реформи неопходни според правото на ЕУ, тие се наметнат услов надвор од правото на ЕУ, но точно е дека се дел од заклучоците.
  • И затоа, смета Сиљановска-Давкова, неопходно е високо ниво на согласност меѓу политичките субјекти во Собранието, конструктивен дијалог и меѓусебно почитување меѓу трите власти, но и меѓу власта и граѓанскиот сектор, проактивност, засилено спроведувањето на реформите и почитување на мерит системот.
  • Покрај претседателката на седницата говореа и евроамбасадорот Михалис Рокас, министерот за европски прашања Беким Сали, претседателот на Комисијата за европски прашања, Антонио Милошоски, претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, како и дел од пратениците.

Извори

Повеќе статии