Директорот на БЈБ Јанев на меѓународната конференција IACP 2026 во САД: Зајакнување на меѓународната соработка во борбата против криминалот
- Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на покана на Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Министерството за правда на САД, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP 2026), која се одржува во Орландо, Флорида.
- МВР На конференцијата, која обединува повеќе од 16. професионалци од областа на јавната безбедност и претставници од над 90 држави, се разменуваат искуства и добри практики за справување со современите безбедносни предизвици, со посебен акцент на организираниот криминал, трговијата со дрога, финансискиот криминал, сајберзаканите и тероризмот.
- МВР Присуството на директорот Јанев на конференцијата е во насока на зајакнување на меѓународната соработка, градење меѓусебна доверба и унапредување на размената на информации, како клучни предуслови за ефикасна борба против криминалот кој не познава граници.
Извори
-
Директорот на БЈБ Јанев на меѓународната конференција IACP 2026 во САД: Зајакнување на меѓународната соработка во борбата против криминалот
Извор: zurnal.mk
-
Директорот на БЈБ Јанев на меѓународната конференција IACP 2026 во САД: Зајакнување на меѓународната соработка во борбата против криминалот
Извор: kurir.mk
-
Зајакнување на меѓународната соработка во борбата против криминалот
Извор: netpress.com.mk
-
Александар Јанев на конференција на полициски шефови во САД: Фокус на борбата против криминалот
Извор: prvaskopska.mk
-
ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ, ЈАНЕВ ВО САД: Размена на искуства на 16.000 професионалци од областа на јавната безбедност од 90 држави
Извор: denesen.mk