Димовски: Компаниите во ТИРЗ со поголеми плати, извоз и буџетски придонеси
- Според податоците што ги изнесе Димовски, просечната нето плата исплатена од компаниите во ТИР зоните во 2025 година е зголемена за 6 отсто во однос на 2024 година, што, како што посочи, е показател за стабилен раст на продуктивноста и условите за работа.
- Вкупниот извоз за 2025 година е зголемен за 6,5 отсто во однос на 2024 година, додека во првиот квартал од 2026 година е регистриран дополнителен раст од 11 отсто во споредба со истиот период од претходната година.
- Во делот на фискалните ефекти, компаниите од ТИР зоните во 2025 година уплатиле повеќе од 6,3 милијарди денари во државниот буџет, што претставува раст од 10,5 отсто во споредба со претходната година.