DAY.MK

обновено 14:15, 01.11.2026

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани

пред 4 часа • 10 извори
ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани

Кратко

  • Излезноста во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 9 часот изнесува 3,98 проценти, односно своето право на глас го оствариле 646 граѓани, информираше денеска портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска-Алексовска.
  • Според првиот пресек на податоците пристигнати во ДИК, одзивот на гласачите е зголемен за 1,52 процентни поени во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври, кога до 9 часот гласале 400 граѓани, односно 2,46 проценти од запишаните избирачи.
  • На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, граѓаните избираат меѓу двајца кандидати, а право на глас имаат вкупно 16. избирачи, кои гласаат на 24 избирачки места.

Извори

Повеќе статии