DAY.MK

обновено 11:45, 05.03.2026

Денес ќе се евакуираат македонските државјани од Израел, во следните денови започнува евакуацијата од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт преку Саудиска Арабија

пред 2 часа 11 извори
Денес ќе се евакуираат македонските државјани од Израел, во следните денови започнува евакуацијата од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт преку Саудиска Арабија

Кратко

  • Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од Израел.
  • Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со денес, во рамки на процесот на евакуација, во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати.
  • Во следните денови се очекува да започне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија.

Извори

Повеќе статии