DAY.MK

обновено 18:31, 05.04.2026

Да бидат спокојни сите институти што генерираат квалитет, но нема толеранција за институти во обложувалници и сакатење на високото образование, порача Мицкоски

пред 5 часа 3 извори
Да бидат спокојни сите институти што генерираат квалитет, но нема толеранција за институти во обложувалници и сакатење на високото образование, порача Мицкоски

Кратко

  • Премиерот Христијан Мицкоски порача да бидат спокојни сите институти кои генерираат квалитет во високото образование, но дека нема да бидат толерирани случаи по примерот што вчера го обелодени министерката Весна Јаневска која соопшти дека затвориле приватен институт кој работел во обложувалница.
  • Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера во одговор на новинарски прашања порача дека мора да се стави ред во високото образование бидејќи се констатирани многу нерегулатности поради што во изминатиот период се затворени 14 приватни институти.
  • Тоа е најбруталниот пример, има и полесни примери, но ние водиме 34 високообразовни институти, установи во земјава, и вакви работи се апсолутно недозволиви, затоа што под називот приватен институт де факто се извршуваат други функции, како што е овој пример со обложувалницата, рече Јаневска.

Повеќе статии