Грчката полиција за разбиената иранска мрежа: Македонските служби го понесоа главниот товар на истрагата
- Во однос на тоа кој бил целта на атентат или терористички акт, портпаролката на грчката полиција објасни тоа го знае грчката разузнавачка служба, но и дека по апсењата и текот на истрагата, ќе се разјасни за што станува збор.
- Сега, во текот на истрагата, откако во другите земји се пронајдени докази и се извршени апсења, ќе се разјасни дали станува збор за планирано убиство на конкретно лице во нашата земја или за нешто друго, како што е терористички напад – изјави Димоглиду.
- За лицето што било цел на напад/атентат во Грција, во медиумите преовладуваат неколку сценарија, едното дека станува збор за грчки бизнисмен со еврејско потекло, друго дека станува збор за Израелец од голема компанија во Грција, според трето пак дека станува збор за лице поврзано со израелски интереси.
Извори
- Грчката полиција: Главниот товар во разбивањето на иранската мрежа го имаа безбедносните служби на Македонија
Извор: novamakedonija.com.mk
- Грчката полиција за разбиената иранска мрежа: Македонските служби го понесоа главниот товар на истрагата
Извор: faktor.mk
- Главниот товар на истрагата го имаа безбедносните служби на Македонија: Портпаролката Димоглиду за иранската терористичка мрежа
Извор: republika.mk