DAY.MK

обновено 11:36, 05.11.2026

Град Скопје ја прифати иницијативата на Левица: Олеснување за младите брачни парови при изградба на прва семејна куќа

пред 1 час • 3 извори
Град Скопје ја прифати иницијативата на Левица: Олеснување за младите брачни парови при изградба на прва семејна куќа

Кратко

  • Локалната самоуправа има обврска да креира политики кои ќе им помогнат на младите луѓе да создаваат семејство, да градат сопствен дом и својата иднина да ја гледаат во Скопје“, се наведува во образложението на иницијативата.
  • Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на Левица за ослободување на младите брачни парови од плаќање на делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Градот, при изградба на нивната прва семејна куќа.
  • Со прифаќањето на иницијативата се отвора можност за воспоставување конкретна локална мерка за поддршка на младите семејства, која ќе придонесе кон намалување на почетните трошоци за изградба на сопствен дом, поттикнување на младите да останат во Скопје и создавање подобри услови за формирање и проширување на семејствата.

Повеќе статии