Град Скопје уверува: Водата од Рашче е безбедна за пиење
- Од Градот додаваат дека депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче”, а според достапните информации, таа постоела околу 30 години.
- ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе постапува во рамките на своите надлежности, а Град Скопје ќе даде целосна поддршка за решавање на проблемот, иако локацијата не е на територијата на Град Скопје.
- Ги информираме граѓаните дека водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи.