DAY.MK

обновено 14:29, 03.05.2026

Вчера за осум часа казнети 113 возачи на мотоцикл во Скопје

пред 16 часа 5 извори
Вчера за осум часа казнети 113 возачи на мотоцикл во Скопје

Кратко

  • МВР соопшти дека во рамки на вчерашната акција на подрачјето на Скопје се санкционирани 113 возачи на мотоцикл, од нив четворица поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции за управување велосипед со помошен мотор без возачка потврда и 45 поради возење без заштитна кацига.
  • Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три санкции за неносење на сообраќајна дозвола, две санкции за движење по несодветна површина, две мерки за незастанување на даден знак и 37 мерки по останати прекршоци.
  • За време на акциската контрола еден возач на мотоцикл е лишен од слобода по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување возило.

Повеќе статии