Времето денеска променливо облачно време со сончеви периоди и услови за локална нестабилност
- Најниската температура изутринава во Македонија е измерена на Попова Шапка и Лазарополе, каде се регистрирани шест степени, додека најтопло со 19 степени било во Скопје Петровец.
- Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
- Ќе дува умерен, а повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура во главниот град ќе достигне до 25 степени.