DAY.MK

обновено 20:32, 01.11.2026

Во полициска станица се приведуваат навивачи за синоќешниот инцидент пред СЦ ,,Јане Сандански”

пред 4 часа • 7 извори
Во полициска станица се приведуваат навивачи за синоќешниот инцидент пред СЦ ,,Јане Сандански”

Кратко

  • СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело “насилство” против П. А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападна околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекаa да влезат на спортскиот натпревар.
  • А. е лишен од слобода и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Скопје за кривично правниот настан поднесена е кривична пријава по брза постапка.
  • Во врска со насилството полициски службеници од СВР Скопје во полициска станица ги приведоа и М. М. П. Воедно СВР Скопје продолжува со повикување на лица кои ќе се утврди дека биле учесници на слученото насилство и против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извори

Повеќе статии