Во недела во Охрид стартува музичкиот караван за 35 години независност
- Со спектакуларен музичко-сценски перформанс на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, в недела (9 август) ќе започне музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија, соопшти „Авалон продукција“.
- Според најавата, преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на државата, при што ќе бидат претставени најзначајните историски моменти, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении.
- Од „Авалон продукција“ ги повикаа граѓаните да присуствуваат на отворањето на караванот во Охрид и заедно да го започнат одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија.
Извори
-
Во недела во Охрид стартува музичкиот караван за 35 години независност
Извор: skopje1.mk
-
Во недела во Охрид стартува музичкиот караван за 35 години независност
Извор: kurir.mk
-
МУЗИЧКИОТ КАРАВАН ЗА 35 ГОДИНИ ОД НЕЗАВИСНОСТА ЌЕ ПОЧНЕ ОД ОХРИД Спектаклот со 120 уметници ќе се изведе во 11 градови
Извор: plusinfo.mk