DAY.MK

обновено 17:26, 22.11.2026

Во Битола се одбележува 22 Ноември – денот кога во 1908 година е унифицирана Албанската азбука

пред 7 часа • 4 извори
Во Битола се одбележува 22 Ноември – денот кога во 1908 година е унифицирана Албанската азбука

Кратко

  • Националната установа Музеј на Албанската азбука, денес со повеќе програмски активности го одбележува 22 ноември, денот кога во 1908 година во Битола, учесниците на историскиот Битолски Конгрес едногласно ја прифатија одлуката на Комисија за азбуката која утврди унифицирана Албанска азбука.
  • На Битолскиот Конгрес во 1908 година учествувале 32 делегати од Битолскиот, Скадарскиот, Јанинскиот и Косовскиот вилает, како и поединци интелектуалци од Софија, Букурешт, Констанца, од Скопје, Ресен, Охрид, Дебар, Корча, Елбасан и други градови, кои на крајот од Конгресот утврдија решение за унифицирање на азбуката на албанскиот јазик.
  • Во текот на денот, во Битола ќе престојуваат високи делегации од државата и странство кои ќе го посетат Музејот на Албанската азбука и воедно ќе го прослават 22 ноември, денот кој од 2007 година во земјава се слави како државен празник и е неработен ден за граѓаните на албанската заедница.

Повеќе статии