DAY.MK

обновено 18:25, 17.06.2026

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

пред 4 часа 4 извори
БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

Кратко

  • Министерката Божиновска нагласи дека досегашната успешна соработка помеѓу Министерството и МАНУ, особено во подготовката на стратешките документи за развој на рударскиот сектор, претставува пример дека Македонија располага со врвни домашни експерти кои најдобро ги познаваат состојбите, потенцијалите и потребите на државата.
  • Во разговорите беше потенцирана и можноста за поинтензивна соработка со Одделот за технички науки при МАНУ, особено во делот на енергетиката, со цел научните достигнувања и експертските анализи уште поактивно да бидат вклучени во натамошното обликување на долгорочните развојни правци на македонскиот енергетски сектор.
  • На тој начин градиме политики засновани на домашно знаење, практично искуство и национален интерес - истакна министерката Божиновска.

Повеќе статии