БИТИЌИ: Ние од СДСМ ќе се бориме против задолжувањето, оти парите не одат кај граѓаните за повисок стандард
- Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција во Собранието, предупреди дека новото задолжување на Владата од 260 милиони евра, ќе чини многу поскапо земјаќи ја предвид високата камата, при што само за камати државата ќе плати 58 и 64 милиони евра.
- Битиќи посочи дека цената за ваквото скапо задолжување ќе ја платат граѓаните уште пред да се почувствува каков било економски ефект.