DAY.MK

обновено 23:54, 15.04.2026

Белгискиот шеф на дипломатијата од утре во официјална посета на земјава

пред 30 часа 3 извори
Белгискиот шеф на дипломатијата од утре во официјална посета на земјава

Кратко

  • Како што соопшти МНРиНТ, во рамки на својата прва посета на земјава, министерот Прево ќе оствари тет-а-тет средба со својот хомолог, министерот Тимчо Муцунски, по што е предвидена и пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за медиумите.
  • Министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево утре ќе престојува во дводневна посета на земјава, на покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
  • Посетата на земјава на шефот на белгиската дипломатија е во рамки на неговата турнеја низ Западен Балкан, во рамки на која ќе ги посети и Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, со цел да ги поддржи нивните напори кон членство во Европската Унија.

Повеќе статии