Белгискиот министер Максим Прево во официјална посета на Македонија
- Министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево утре ќе престојува во дводневна посета на земјава, на покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
- Во рамки на својата прва посета на земјава, министерот Прево ќе оствари тет-а-тет средба со својот хомолог, министерот Тимчо Муцунски, по што е предвидена и пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за медиумите.
- Централни теми на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните политички и економски односи со Белгија, како и перспективите на процесот на проширување на Европската Унија, вклучително и натамошната белгиска поддршка за европската интеграција на Македонија, наведуваат од Министерството.
Извори
-
Белгискиот шеф на дипломатијата од утре во официјална посета на земјава
Извор: denesen.mk
-
БЕЛГИСКИОТ МИНИСТЕР ПРЕВО ВО СКОПЈЕ: Централни теми билатералните економски односи и патот на Македонија кон ЕУ
Извор: denesen.mk
-
Белгискиот МНР во посета на Македонија
Извор: 24info.mk
-
Белгискиот министер Максим Прево во официјална посета на Македонија
Извор: zurnal.mk