Беким Сали оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе
- Министерот Сали го поздрави затворањето на пост-мониторинг дијалогот на Парламентарното собрание на Советот на Европа во јануари 2026 година, оценувајќи го како значајно признание за демократскиот напредок на државата, реформите во владеењето на правото и посветеноста кон европските стандарди.
- Министерот Сали потенцираше дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите и продолжување на процесот на европска интеграција, во тесна соработка со европските институции и меѓународните партнери.
- Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, при што беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Македонија и Советот на Европа во областа на владеењето на правото, демократијата и човековите права.
Извори
-
Беким Сали оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе
Извор: kurir.mk
-
Средба Сали – Берсе: Потврдена соработка меѓу земјава и СЕ во областа на владеењето на правото, демократијата и човековите права
Извор: 24info.mk
-
Министерот за европски прашања Беким Сали оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе
Извор: kanal5.com.mk