DAY.MK

обновено 15:04, 28.04.2026

„Барам судот да покаже малку човечност и хуманост“: Адвокатката на Деко му се обрати на ОЈО заради непроизнесувањето за барањето за куќен притвор

пред 3 часа 4 извори
„Барам судот да покаже малку човечност и хуманост“: Адвокатката на Деко му се обрати на ОЈО заради непроизнесувањето за барањето за куќен притвор

Кратко

  • Бранителот на Деко, адвокатката Ивана Коцевска, со оглед дека обвинителството се уште не се произнело по предлогот за замена на притворот со мерка куќен притвор, поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба побара судот како што вели, „да покаже малку човечност и хуманост.
  • Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека Пулс, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот, во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор.
  • Од одбраната на обвинетите Беким Хаџиу и Тодор Јованов пред судот изнесоа предлог за укинување на мерката притвор поради нарушена здравствена состојба.

Повеќе статии