DAY.MK

обновено 16:27, 29.10.2026

АХВ: Во Радовиш и Пепелиште одземени околу два тона месо и производи од месо

пред 6 часа • 7 извори
АХВ: Во Радовиш и Пепелиште одземени околу два тона месо и производи од месо

Кратко

  • Околу два тона небезбедно свежо и замрзнато месо, како и подготовки од месо, се одземени вчера по вонредните инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш што ги спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и денеска ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.
  • Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.
  • Инспекторите одзеле и околу 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина) пронајдени кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое вршело неодобрена дејност – производство на димени месни производи и чварки и нивна продажба преку социјалните мрежи.

Повеќе статии