Архиепископот Стефан упати сочувство до патријархот Даниил за несреќата на автопатот „Тракија“
- Споделувајќи ја тагата на сестринската Бугарска црква и на бугарскиот братски народ, се молиме за настраданите, та Милостивиот Бог нивните души да ги насели во места светли, места цветни, лишени од секаква тага, болка и воздишка упокојувајќи ги во лоното Аврамово – наведува архиепископот Стефан во писмото.
- Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан упати сочувство до бугарскиот патријарх Даниил по повод тешката сообраќајна несреќи што се случи на 10 ноември на автопатот „Тракија“ во Бугарија, во кои загинаа 12 лица, а десетици беа повредени.
- Во писмото, архиепископот Стефан наведува дека сочувството го упатува во свое име, во име на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА, свештенството, монаштвото и православниот македонски народ.
Извори
- Архиепископот Стефан упати сочувство до бугарскиот патријарх Даниил за трагедијата на автопатот „Тракија“
Извор: religija.mk
- Архиепископот Стефан упати сочувство до патријархот Даниил за несреќата на автопатот „Тракија“
Извор: setaliste.mk
- Архиепископот Стефан упати сочувство до патријархот Даниил за несреќата на автопатот „Тракија“
Извор: denesen.mk