DAY.MK

обновено 14:47, 22.11.2026

Андоновски одржа мастер-клас во Париз, беше претставен како еден од најбрилијантните министри во Европа

пред 96 часа • 3 извори
Андоновски одржа мастер-клас во Париз, беше претставен како еден од најбрилијантните министри во Европа

Кратко

  • Во рамките на плодната соработка меѓу Универзитетот „Пантеон-Асас Сорбона 2“ и Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ од Скопје, во големиот амфитеатар на парискиот универзитет се одржа свечена академска церемонија, на која специјален гостин беше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
  • На свечената церемонија се обрати и претседателот на „Еуропа Прима“, Јордан Плевнеш, кој го истакна значењето на мастер-класот на министерот Андоновски во продлабочувањето на соработката меѓу македонскиот и францускиот универзитет како пример преку кој се афирмира долгогодишната поврзаност меѓу Франција и Македонија во сите области.
  • Настанот го поздрави и Игор Николов, амбасадор на Македонија во Франција и при УНЕСКО, кој изрази задоволство од соработката во високото образование меѓу двете земји.

Повеќе статии