Андоновски од Сеул: Како држави мораме да вложиме секој граѓанин, секој мал и среден бизнис да има еднаков пристап до алатки од ВИ
- Придобивките од вештачката интелигенција не смеат да бидат резервирани само за најразвиените земји порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, од Сеул, Јужна Кореја, каде што учествува на глобалниот состанок за вештачка интелигенција и дигитализација во организација на Светска банка.
- Во рамки на посетата на Сеул, Андоновски остварил средби со потпретседателот на Светска банка задолжен за вештачка интелигенција и дигитализација, како и со претставници од Министерството за економија и финансии на Република Кореја.
- Како држави мораме да вложиме во тоа да го направиме секој граѓанин, секој мал и среден бизнис има еднаков пристап до алатки базирани на вештачка интелигенција, во спротивно можеме да ризикуваме дека јазот помеѓу развиените и помалку развиените држави ќе се зголемува наместо да се намалува - истакна Андоновски.
Извори
-
Андоновски од Сеул: Како држави мораме да вложиме секој граѓанин, секој мал и среден бизнис да има еднаков пристап до алатки од ВИ
Извор: kurir.mk
-
Андоновски од Сеул порача секој граѓанин, секој мал и среден бизнис да има еднаков пристап до алатки од ВИ
Извор: netpress.com.mk
-
Андоновски од Сеул: Како држави мораме да вложиме секој граѓанин, секој мал и среден бизнис да има еднаков пристап до алатки од ВИ
Извор: novamakedonija.com.mk