Андоновски: Македонија започнува со изградба на Национален дата центар – најважната дигитална инфраструктура за следните децении
- Во вечерашното интервју на Македонската телевизија, во емисијата „На прва“, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека Владата започнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија – изградба на Национален дата центар.
- Според визијата на Министерството, Македонија треба да добие современ Tier III Национален дата центар, кој ќе биде основа за воспоставување на владин облак, заштита на државните податоци, развој на системи базирани на вештачка интелигенција и испорака на нова генерација дигитални јавни услуги.
- Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот што ќе биде основа за владиниот облак, сајбер безбедноста и развојот на вештачката интелигенција.
Извори
-
Македонија започнува со изградба на Национален дата центар, најважната дигитална инфраструктура за следните децении
Извор: netpress.com.mk
-
Андоновски: Македонија започнува со изградба на Национален дата центар – најважната дигитална инфраструктура за следните децении
Извор: kurir.mk
-
АНДОНОВСКИ: Македонија започнува со изградба на Национален дата центар – најважната дигитална инфраструктура за следните децении
Извор: denesen.mk