Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
- Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов преку видео изјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште.
- Во овој момент нема активен крак којшто се движи кон селото Крушевица, што не значи дека состојбата нема да се смени - вели директорот на ДЗС.
- Ангелов информира дека трите ер-трактори на Дирекцијата дејствуваат и верува дека ќе прекинат една линија на огнот.