DAY.MK

обновено 23:00, 15.03.2026

Алиу: Усвоен е Национален план за справување со масовни жртви

пред 27 часа 3 извори
Алиу: Усвоен е Национален план за справување со масовни жртви

Кратко

  • Алиу истакна дека планот е резултат на научените лекции од повеќе трагични настани кои што ја погодија државава изминативе години, меѓу кои автобуската несреќа во Ласкарци, пожарот во модуларната болница во Тетово, автобуската несреќа во Бугарија и трагедијата во Кочани.
  • Овој план не е одговор само на едно трауматично општествено искуство кое што го имавме, туку и на повеќе тешки моменти што ги преживеа нашата држава во изминатите години – автобуската несреќа во Ласкарци, модуларната болница во Тетово, автобусот што изгоре во Бугарија, а потоа и Кочани – истакна Алиу.
  • Со имплементацијата на планот, вели, се очекува намалување на смртноста и зголемување на преживувањето при масовни жртви и инциденти, унапредување на координацијата меѓу институциите, подигнување на оперативната готовност на здравствените установи, како и развој на систем за обуки, симулациски вежби и континуирано усовршување на професионалците.

Повеќе статии