DAY.MK

обновено 20:50, 03.08.2026

Активни пет пожари, десет се изгаснати

пред 2 часа 3 извори
Активни пет пожари, десет се изгаснати

Кратко

  • До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои пет се сè уште активни, а десет се изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
  • Активен е и пожарот во селото Теарце, Општина Теарце, каде се зафатени нива, стрништа и сува трева, како и пожарот во месноста Тризла Теке кај Прилеп, каде гори депонија.
  • Активни се пожарите во Општина Василево, помеѓу селата Доброшинци и Василево, каде гори сува трева, стрништа и дива депонија, во Општина Кичево, во атарот на селото Зајас, каде е зафатено стрниште, како и во Општина Кавадарци, помеѓу селата Раец и Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и сува трева.

Повеќе статии