Mинистерот Муцунски оствари средба со извршната потпретседателка на Европската комисија
- Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, вчера оствари средба со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату.
- Во рамки на денешната програма, предвидено е министерот Муцунски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, да оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер, како и низа средби со пратеници во Европскиот парламент.
- На средбата стана збор за унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики, како и за можностите за натамошно продлабочување на партнерството во рамки на европските образовни и мобилни програми.
Извори
-
Зајакнување на соработката во образованието: Муцунски се сретна со Роксана Минзату
Извор: skopje1.mk
-
Mинистерот Муцунски оствари средба со извршната потпретседателка на Европската комисија
Извор: kurir.mk
-
Средба на министерот Муцунски со извршната потпретседателка на ЕK Роксана Минзату: Унапредување на соработката во областа на образованието
Извор: mk.tv21.tv
-
Mинистерот Муцунски оствари средба со извршната потпретседателка на Европската комисија
Извор: republika.mk