DAY.MK

обновено 20:09, 16.03.2026

63 бели столчиња и 63 бели рози: Кочани се поклонува пред жртвите од „Пулс“

пред 9 часа 5 извори
63 бели столчиња и 63 бели рози: Кочани се поклонува пред жртвите од „Пулс“

Кратко

  • Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани започна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс", во кој на 16 март минатата година згаснаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
  • бели столчиња, 63 имиња, 63 животи што недостигаат – секое столче ја носи тишината на едно отсутно присуство, бела роза за спомен, светлина за сеќавање и место што никогаш нема да биде исполнето – беше пораката што ги пречекаа бројните делегации, семејствата на загинатите и останатите пред Домот на културата во Кочани.
  • Шеесет и три бели столчиња наредени во тишина на отворено и една бела роза на нив за спомен и отворена книга за жалост како немо сведоштво за животи прекинати во најубавите години.

Повеќе статии