16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
- Од ЦУК информираат дека активни се пожарите во општина Сарај, кај селото Горно Свиларе, каде гори мешана шума и ниска вегетација, во Шуто Оризари, каде гори ѓубре, на полигонот Криволак во општина Неготино, каде е зафатена сува вегетација, како и кај селото Ларце во општина Желино, каде гори ниска вегетација.
- Во текот на денот се изгаснати 10 пожари, во општините Бутел, Сарај, Битола, Кривогаштани, Струмица, Радовиш и Брвеница.
- Под контрола се пожарот кај селото Белица, на местото Кајорец, кој се проширил кон Јасен, при што е зафатена нискостеблеста и мешана шума, како и пожарот на депонија кај селото Пчиња во општина Куманово.
Извори
-
ЦУК: 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
Извор: libertas.mk
-
16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
Извор: kurir.mk
-
16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
Извор: press24.mk