Џефри Сакс: Европа треба да ја интегрира Македонија и да ја преиспита сопствената улога
- Европската Унија треба да „се разбуди“, да ја прифати новата геополитичка реалност и да ги интегрира Македонија, Србија и другите земји кандидати, порача американскиот економист и професор Џефри Сакс во видео-обраќање пред учесниците на Школата за млади лидери на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.