Ѕвездата на Париската опера, балерината Роксан Стојанов и Антонио Конфорти го отвораат 22. издание на „Танц фест“ на 18 април во МНТ
- Во 2026 година Танц Фест Скопје го одбележува своето 22. издание, а фестивалот се одржува во особено значајна година – 30 години од основањето на Интерарт Културниот Центар, организација која три децении континуирано работи на развојот на современиот танц во Македонија преку продукција, едукација и презентација на танцовата уметност.