(фото) Националниот џез оркестар во Брисел ја изведе концертната програма „Macedonian Dreams“
- Во срцето на Европа, на сцената на престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, Националниот џез оркестар ја изведе концертната програма „Macedonian Dreams“, претставувајќи уникатен музички спој на македонската традиција и современиот џез израз.
- Националниот џез оркестар со особена гордост ја претстави македонската музичка традиција пред европската публика, на сцената на еден од најпрестижните културни центри во Европа.