„Флора-Фауна-Покриви/Пирх-Лајрер-Пирх“ – изложба на современи австриски уметници денеска во Чифте амам
- Во Чифте амам вечерва ќе биде свечено отворена изложбата на современи австриски уметници „Флора-Фауна-Покриви/Пирх-Лајрер-Пирх“, во организација на Националната галерија на Република Македонија и Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија.
- На изложбата ќе биде претставено современото австриско сликарство инспирирано од пејзажи, урбани мотиви, флора и фауна.