Утре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ – ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“
- Годинава, во периодот од 12 до 23 август, гости на меѓународната уметничка колонија ќе бидат 7 претставници на чешката школа за фотографија.
- Професори и селектирани студенти од оваа школа, до сега, во три наврати реализираа престој во уметничкиот центар со седиште во селото Слоештица и крстосуваа низ селата од горно-демирхисарскиот регион за автентично да ја раскажат приказната за неисцрпното природно и културно богатство кое полека, но сигурно, исчезнува.