Советот за култура одржа седница за Нацрт-Стратегијата за развој на културата за периодот 2026–2030 година
- Денес, Советот за култура предводен од претседателката Ганка Цветанова, одржа седница на која беше разгледана Нацрт-Стратегијата за развој на културата за периодот 2026–2030 година.
- Националната стратегија за развој на културата претставува клучен стратешки документ преку кој државата ги утврдува неопходните институционални рамки, административните алатки и мерки, како и приоритетните цели и активности во областа на културата за период од пет години.