Со гала-концертот „Љубов“ на оперските ѕвезди Јахо и Кастроново свечено е отворено 66. издание на „Охридско лето“
- Со гала-концертот „Љубов“, на кој настапуваат сопранот Ермонела Јахо и тенорот Чарлс Кастроново, во придружба на Оркестарот на Националната опера и балет, под диригентство на италијанскиот диригент Марко Боеми, вечерва, во 21 часот, во Античкиот театар официјално се отвори 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.