„Слатки зборови“ од Ријека ја освои Гран-при наградата на фестивалот „Игор Маџиров“
- Жирито додели и три специјални награди за уметничка обработка на теми од особено општествено значење, и тоа на: „Дрвјанковци“ — Театар „Пинклец“, Чаковец, Хрватска; „Пилотот и малиот принц“ — Куклен театар од Острава, Чешка; „Стара планина“ — Театар за деца и младинци, Крагуевац, Србија.
- Претставата „Слатки зборови“ на Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска, е добитник на Гран-при наградата за најдобра претстава во целина на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, во организација на Н. У. Театар за деца и младинци – Скопје.