СКРМ вели со Сулејмани имале отворен дијалог за Колективниот договор за култура и Законот за култура
- По две години игнорантски однос и синдикална борба, конечно отворен дијалог за Колективниот договор за култура и Законот за култура, се вели во соопштението на Синдикатот на културата на Република Македонија, чии претставници остварија работна средба со министерот за култура и туризам Седат Сулејмани.
- На средбата, како што известија од Министерството за култура било договорено да се формираат две работни групи за колективниот договор и за Законот за култура, во кои ќе бидат вклучени претставници на СКРМ и Министерството.